Поранешен голман на Јунајтед и на англиската репрезентација ја заврши кариерата

Поранешниот англиски репрезентативец и екс чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, Бен Фостер објави крај на кариерата. Летоска беше многу блиску до ангажман во Њукасл, но не успеа да се договори.

Фостер го напушти фудбалот откако остана без ангажман откако го напушти Ватфорд кој испадна од Премиерлигата.

„Ако се согласив да одам во Њукасл, немаше да бидам јас. Јас сум среќен, и сакам да се чувствувам удобно и мислам дека е време за да прекинам“, рече Фостер. 

Во текот на кариерата покрај за Јунајтед, бранеше за Стоук, Бирмингем, Ватфорд и ВБА. За англиската селекција има осум настапи.

Се вчитува...