ЖДРЕПКА ЗА КУП 1/8 ФИНАЛЕ: Струга ТЛ против Работнички, освојувачот гостува во Прилеп

Струга Трим Лум против Работнички е дербито во 1/8 финалето на Купот на Македонија. Вака одлучи ждрепката денеска во просториите на ФФМ.

Освојувачот Македонија ЃП оди на гости во Прилеп, додека финалистот Силекс гостува во Кавадарци. Лесни задачи, барем на хартија за Шкендија, Академија Пандев и Шкупи. Играат домашни натпревари против Скопје, Љуботен и Воска.

Вардар за пласман во 1/4 финале ќе се бори со Фортуна, додека Брегалница во Штип го дочекува Пелистер на Марјан Секуловски, екс тренерот на штипјани.

КУП НА РМ, 1/8 ФИНАЛЕ

СТРУГА Трим Љум – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР
ВАРДАР – ФОРТУНА
Академија ПАНДЕВ – ЉУБОТЕН
ПОБЕДА – МАКЕДОНИЈА Ѓ.П.
ШКУПИ – ВОСКА
ШКЕНДИЈА – СКОПЈЕ
ТИКВЕШ – СИЛЕКС

Натпреварите ќе се одиграат на 5. октомври во 14:00 часот.

Се вчитува...