Капело: Еве зошто Јуве не треба да го отпушти Алегри

Фабио Капело застана во одбрана на Масимилијано Алегри по зголеменото незадоволство кај фановите на Јувентус и барањето на трофејниот стратег да му биде врачен отказ.

Притисокот врз Алегри дополнително се зголеми по домашниот пораз од Бенфика во Лигата на Шампионите но Капело смета дека тренерска смена би била грешка на управата на „старата дама“.

„Сметам дека проблемот не е во тренерот, а управата треба да покаже трпение. Ако летово сте инвестирале пари за да доведете играчи по желба на тренерот, тогаш треба да му дадете време да создаде силен колектив од таа група на играчи. Да бидеме реални, Алегри има еден куп проблеми, Погба требаше да биде клучен играч, а е надвор од тимот, додека Ди Марија исто така се мачеше со повреди. Не се сомневам дека во јануари, со Ди Марија, Киеза и со Погба во екипата, ќе гледаме сосема поинаков Јувентус. Секогаш сум велел дека мора да се има трпение, видете што направија Наполи со Спалети и Рома со Мурињо, ги издржаа тешките периоди и сега бележат одлични резултати“, изјави Капело.

Се вчитува...