Струга ТЛ го има, без сомнение, еден од најдобрите стартови на една екипа во историјата на македонскиот прволигашки фудбал.
Стружани со седум победи во исто толку меча го почнаа новото првенство, денеска во 8. коло од ПМФЛ на домашен терен пречекувајќи ја екипата на Тиквеш.
Еден од најдобрите фудбалери на Струга ТЛ, Бесарт Ибраими, вели дека се свесни за фаворитската улога која ја носат но и знаат дека ги очекува еден незгоден противник кој има одлична серија во шампионатот.
„Тиквеш е навистина многу незгоден тим, а тоа го покажа и на последните два натпревари, доаѓајќи до две победи против многу сериозни противници, меѓу кои и против шампионот Шкупи. Но, и ние како Струга Трим Љум имаме свои амбиции и цели. Седумте последователни победи го подигнаа моралот и желбата за победа во тимот. Веруваме во една добра стратегија од страна на тренерот, кој има голема заслуга за овие резултати и атмосферата што владее во тимот. Доколку и на овој натпревар се држиме до насоките дадени од тренерот Захариевски, верувам дека победата ќе остане во Струга“ – вели Ибраими.
ПМФЛ – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА
Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС е слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

