ВИДЕО: Шишковски одбрани пенал за триумф на Докса против АЕЛ Лимасол

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски е најзаслужниот за триумфот на Докса од 1-2 на гостувањето против АЕЛ Лимасол во кипарскиот шампионат.

Шишковски покрај одличните одбрани во текот на првото полувреме, одбрани и пенал во 59. минута за домашните кој го шутираше Папафотис.

За Докса последните 20 минути од средбата ги одигра и Душко Трајчевски, а на спротивната страна кај домашните целиот натпревар во средниот ред го одигра Давор Здравковски.

Се вчитува...