Еден од најталентираните македонски голмани Васко Василев, како што претходно објавивме, денеска го официјализираше потписот со португалскиот прволигаш Рио Аве.
18-годишниот Василев, кој досега беше член на белградска Црвена Звезда, потпиша тригодишен договор со Рио Аве како потврда на својот нескриен потенцијал и квалитет демонстриран изминативе години низ настапите за белграѓани и македонските младински селекции.
Македонецот добива шанса да биде во клубот кој е препознатлив по промоцијата на славни голмански имиња, а во чии редови во минатото беа и легендарните голмани Јан Облак и Едерсон.


Василев потекнува од младинската школа на Вардар, од каде се пресели во Динамо Врање, а во 2019 година потпиша за Црвена Звезда. Стандарден член е на македонската репрезентација до 19 години. Трансферот во Португалија доаѓа само како потврда за талентот и квалитетот на овој голман, кој треба да биде светла иднина на македонскиот фудбал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

