Без голови по првите 45 минути на дерби пресметката од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига меѓу Шкендија и Шкупи во Тетово.
Интересна пресметка во која Шкендија беше поблиску до водство на дуелот но Кристијан Наумовски е тој кој што го брани Шкупи, по двата одлични удари на Егзон Бејтулаи и Клисман Цаке.
Струга ТЛ, пак, продолжува со победничкиот од, па на полувремето води со 1-0 против Тиквеш уште од 9. минута со голот на Бесарт Ибраими.
Од 10. минута со феноменалниот гол на Кристијан Стојкоски води и Македонија ЃП на гостувањето против Академија Пандев во Струмица.
Работнички, пак, на натпреварот кој се игра на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје има предност од 1-0 против Победа со прекрасната мајсторија на Рушевиќ во 30. минута.
ПМФЛ – 8. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-0
Рушевиќ 30′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
Стојкоски 10′
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 1-0
Ибраими 9′
УТРЕ (15 ч.)
Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА
СИЛЕКС е слободен
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

