Гостивар и Воска Спорт одиграа натпревар без победник (2-2) во дербито на 5. коло во Вторат македонска фудбалска лига.
На дуелот кој се одигра во тетовска Голема Речица, фудбалерите на Воска спорт први поведоа на дуелот уште во 16. минута со голот на Ардит Демири, но пред полувремето Гостивар во 45. минута со голот на Антонио Каланоски дојде до 1-1.
Во второто полувреме гостиварци дојдоа до пресврт во 78. минута со водство од 2-1 со голот на Емран Рамадани, но охриѓани во 84. минута израмнија на конечни 2-2 со погодокот на Ален Јашароски.
Првото полувреме беше одбележано и од несакан инцидент, помалку смешен, меѓу фудбалерите на двата тима.
Останатите натпревари од 5. коло во Втората македонска фудбалска лига се играат утре со почеток од 15 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА