Њукасл повторно остана без цел плен во Премиер-лигата откако „црно-белите“ ремизираа 1-1 на домашен терен против аутсајдерот Борнмут. Ова беше петто реми за Њукасл во последните шест премиерлигашки рунди, недоволен ефект на клубот што од ланската година ги има најбогатите газди во светот на фудбалот.
„Црно-белите“ имаат за што да жалат во првото полувреме, во кое имаа целосна доминација, неколку стопроцентни шанси, при што два пати го погодија и дирекот од противничкиот гол.
Вториот дел донесе неочекувано водство на гостите, откако Билинг одлично се снајде, втрча од позадина и го изненади голманот Поуп. Радоста краеше кратко бидејќи само неколку минути подоцна Њукасл израмни со пеналот на Исак, откако еден гостински дефанзивец играше со рака во сопствениот шеснаесетник.
Њукасл имаше повеќе од играта до крајот, но и покрај иницијативата домаќините не успеаја да создадат посериозна шанса, по што овој меч заврши 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

