Шефот на стручниот штаб на Шкендија, Ќатип Османи е задоволен од изданието на своите избраници во дербито против Шкупи во 8. коло од ПМФЛ, но не и од ремито без голови.
Османи се врати на клупата на тетовци во натпревар во кој Шкендија доминираше на натпреварот, но не можеше да најде решение за одличниот голман Кристијан Наумовски на голот на чаирчани.
„Доминиравме во текот на сите 90 минути, создавајќи многу шанси и во првото и во второто полувреме. Жал ми е што не победивме, бидејќи мислам дека Шкендија ги заслужи трите бода, но сепак првенството е долго, продолжуваме напред“ – истакна Османи, притоа дополнувајќи:
„Ми се допадна агресивноста која ја имавме во дефанзивата, и комбинациите во средниот ред за создавање шанси, но не ми се допадна реализацијата која се покажа како проблем. Шкупи се бранеше со многу играчи и во една таква ситуација бевме принудени шансата за гол да ја бараме со шутеви надвор од шеснаесетникот. Пресреќен сум од атмосферата на стадионот каква што знаат да ја направат само ‘Балистите’. Жал ми е што не им возвративме со победа, но ветувам пред сите нив дека Шкендија повторно ќе биде онаква каква што сите ја посакуваме“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

