Тотенхем се мачеше во првото полувреме против Лестер во седмото коло од Премиерлигата, но на крај со четири гола во вториот дел стигна до убедлив триумф од 6-2.
Откако гостите прво поведоа, потоа Тотенхем со головите на Кејн во 8. минута и Ерик Диер во 21. минута дојде до пресврт, за да Лестер со голот на Медисон во 41. минута дојде до 2-2 на полувремето.
Но, потоа следеше канонадата на домашните во второто полувреме. Најпрво во 47. минута Бентанкур погоди за 3-2.
И на крајот со хет-трик на Сон Хјунг-Мин во 73. минута, 84. минута и 88. минута беа заокружени конечните 6-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

