ФОТО НА ДЕНОТ: „Балистите“ приредија феноменална атмосфера на трибините, играчите им останаа должни на теренот!

Најверните навивачи на Шкендија, „Балистите“ приредија убава атмосфера на денешната дерби-пресметка против Шкупи во Тетово од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Балистите“ имаа одлична кореографија, моменти за користење и пиротехника, низ максимално коректно навивање, за разлика од некои претходни натпревари со Шкупи, за убаво заокружување на атмосферата на трибините.

Но, фудбалерите на двата тима кои го завршија натпреварот без голови, се чини на теренот останаа должни на сето тоа.

Се вчитува...