Захариевски: Се гордееме со овие осум од осум… Важна победа за заокружување на циклусот!

Струга ТЛ продолжи со извонредната серија на стартот од сезоната во Првата македонска фудбалска лига. Стружани, по денешната победа од 2-0 над Тиквеш на домашен терен, се со осум победи од осум натпревари на стартот од шампионатот.

Со феноменалната победничка серија сигурно среќен е и шефот на стручниот штаб Срѓан Захариевски кој вели дека е победен тежок противник против кого неговиот тим се впуштил со максимален респект.

„Победивме еден многу квалитетен тим. Многу тежок натпревар, во кој победата ни беше императив за да го заокружиме на најдобар начин овој циклус. Во таков натпревар правевме и доста грешки, но сепак дојдовме до победата над еден навистина незгоден противник” – истакна Захариевски по денешниот натпревар.

Се вчитува...