Тренерот на Тотенхем, Антонио Конте го коментираше одличниот старт на својот тим во Премиерлигата. Во седум кола, тимот од Лондон нема пораз, и со пет победи и две нерешени се наметна како еден од кандидатите за највисок пласман.
Вчера „Спарси“ славеа победа над Лестер со 6-2, а Конте смета дека Премиерлигата е комплицирана и дека конкуренцијата е огромна.
„Мора секогаш да даваме се од себе. Премиерлигата е многу тешка. Според мене, штотуку го почнавме патот кон борбата за нешто важно. Манчестер Сити, Ливерпул и Челси се многу конкурентни и победија многу. Секоја сезона се борат за титулата. Во нашите глави амбицијата мора да биде насочена кон напредок. Кога имате важни натпревари секои три дена, потребен ви е добар и конкурентен состав. Понекогаш мора да одморите играчи и да почнете со некои резервни фудбалери“, рече Конте.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

