По повеќе од 20 години, Баерн Минхен првпат не успева да победи на четири едноподруго натпревари во Бундеслигата. Сето тоа носи огромно нервози во баварскиот тим, караници и меѓусебни обвинувања.
Хасан Салихамиџиќ најавува и сериозни размислувања за големи промени доколку тимот продолжи со разочарувачките игри, како би се ставила точка на негативната серија. Салихамиџиќ по вчерашниот пораз од Аугсбург веќе најавил дека ќе има откази за тренерот и дел од играчите…
„Очигледно имаме проблеми, но ќе ги надминеме, во тоа сум сигурен“ – кратко изјави тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман.
„Причината за поразот е и тоа што Аугсбург игра примитивен фудбал, но го довеле до совршенство. Се бранат и чекаат најмала прилика, загубивме од тим кој игра примитивен фудбал. Некогаш е тешко да се снајдеш со такви тимови“ – вели Горецка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

