Брегалница ќе ги „лечи раните“ од Прилеп во Автокоманда

Скопје и Брегалница денеска од 15 часот во Автокоманда во последниот натпревар од 8. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Штипјани ја носат фаворитската улога, но сосема е јасно дека сезонава во првенството и нема изразити фаворити, во голема мера со израмнетост меѓу екипите и амбициозност за триумф кај секој од нив.

Свесни се за тоа и во таборот на Брегалница, па фудбалерот од средниот ред Горан Силјановски е убеден дека се извлечени поуки од Прилеп и тимот максимално сериозно ќе одигра на Автокоманда во желбата за позитивен резултат.

„По поразот од Победа, се вративме со убедлива победа против Слога во Купот на Македонија. Средбите со Победа и Слога се веќе минато, но мора да нагласиме дека извлековме поука од Прилеп затоа што е јасно дека во лигата нема лесни и тешки противници. Знаеме дека не чека тежок натпревар и во Скопје и мора да бидеме максимално фокусирани со 100% на терен. Во секој случај, од сите досегашни натпревари на стартот од сезоната, од нашите изданија и односот, сигурен сум дека сме на вистинскиот пат, верувајќи дека посветено можеме да дојдеме до зацртаните цели за оваа година“ – вели Силјановски.

ПМФЛ – 8. КОЛО (денеска, 15 ч.)

Скопје: СКОПЈЕ – БРЕГАЛНИЦА

ВЧЕРА
Тетово: ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 0-0
Скопје: РАБОТНИЧКИ – ПОБЕДА 1-0
Рушевиќ 30′
Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП 0-1
Стојкоски 9′
Струга: СТРУГА ТЛ – ТИКВЕШ 2-0
Ибраими 9′, Илиески 88′

СИЛЕКС е слободен

Се вчитува...