Удинезе продолжува со одличните игри во новата сезона од Серија А, со петта едноподруго победа, триумфирајќи со 3-1 и против големиот фаворит Интер во 7. коло од шампионатот.
„Нераѕурите“ брз дојдоа до предност со евро-голот на Барела уште во 5. минута од средбата.
Но, Удинезе успеа да израмни со автоголот на Скринјар веќе во 22. минута.
И, кога се чинеше дека дуелот ќе заврши без победник, во 85. минута најпрво Бијол постигна погодок за триумф на Удинезе, а потоа Арслан во 93. минута заокружи за конечни 3-1.
Македонскиот напаѓач Илија Несторовски не доби шанса за настап, останувајќи на клупата за резерви кај Удинезе, кој со оваа победа го презеде лидерското место во Серија А.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА