Јувентус тоне се повеќе и повеќе во Калчо-лигата откако „старата дама“ забележа уште еден катастрофален резултат, губејќи на гостувањето против Монца со 1-0. Тоа беше уште еден меч на кој Јуве настапи тотално надвор од ритам, се мачеше да искреира било што во противничкиот шеснаесетник, а агонијата ја надополни Анхел ди Марија со црвениот картон заработен пред крајот на првото полувреме.
Монца го искористи ова за да доминира, домашниот тим кој немаше ниту една победа сезонава во пресрет на денешниот дуел, а иницијативата вроди со плод кога Гиткјер одлично се снајде во противничкиот шеснаесетник го совлада Перин.
Фиорентина на домашен терен славеше над Верона со 2-0. „Виолетовите“ поведоа во раната фаза на мечот преку Иконе, при резултат 1-0 Бираги не реализираше пенал за Фиорентина, а конечните 2-0 во самиот финиш ги постави Гонзалез.
Лацио експресно го остави зад себе разочарувачкиот пораз од Митјиланд во Лигата на Европа, славејќи на гостувањето против Кремонезе со 0-4. Имобиле ги постигна првите два погодоци за „лацијалите“ на овој меч, по што меѓу стрелците се запишаа и Милинковиќ Савиќ и Педро.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА