Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар славеше со 1-2 на гостувањето кај Караорман во натпревар од 5. коло во Втората македонска фудбалска лига. Иако домаќините одоловеаа до самиот финиш „црвено-црните“ до победа успеаја да стигнат во финишот со погодок во 88. минута на Жоглев. Претходно, Десниќ беше стрелец во 57. минута за скопскиот клуб.
Фудбалерите на Пелистер славеа на гостувањето кај Охрид со минимални 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 82. минута кога Маневски постигна гол вреден три бода за битолчани.
И Детонит продолжува со одличната сезона откако славеше на домашен терен над Арсими со 3-1.
Каменица Саса, под водство на новиот тренер Љупчо Димитковски – Гањо, ремизираше (1-1) со Беласица. Стрелец на голот за домашните беше Владимир Дујовски во 19. минута, а Коцев погоди во 32. минута за струмичани.
ВТОРА ЛИГА 5. КОЛО:
КАРАОРМАН – ВАРДАР 1-2
ОХРИД – ПЕЛИСТЕР 0-1
КАМЕНИЦА САСА – БЕЛАСИЦА 1-1
ДЕТОНИТ – АРСИМИ 3-1
БЕСА – СЛОГА ВИНИЦА 3-2
БОРЕЦ – КОЖУФ 0-2
ПЕХЧЕВО (ЛОКОМОТИВА) – ТЕТЕКС 0-0
ГОСТИВАР – ВОСКА (ВЧЕРА) 2-2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА