Нов циркузантски потег од страна на Жозе Мурињо на дуелот на Рома на домашен терен со Аталанта во Серија А.
Во 57. минута судија Даниеле Кифи му додели црвен картон на Мурињо поради неконтролирани негови протести и влез на терен, по една негова одлука.
Но, тоа воопшто не го смири Португалецот кој се впушти во уште пожесток вербален судир со судијата, испраќајќи неконтролирани пцовки но и очигледна желба и физички да дојде до делителот на правдата, па мораше со реакција на неговите соработници да биде отстранет од теренот…
Ha! Mourinho is at it again. Sent off for going tonto at ref. pic.twitter.com/ZKynG8gmm1
— Michael (@M8J7H) September 18, 2022
Рома на десет минути пред крајот има негатива од 0-1 против Аталанта по погодокот на Скалвини уште во 35. минута од средбата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА