Милан веќе размислува за нов напаѓач, а најновото име на списокот на Малдини е Феран Торес од Барселона.
Торес во јануари пристигна во Барселона како големо засилување од Сити за 50 милиони евра. Меѓутоа, со доаѓањето на Левандовски тој падна во втор план и главно е на клупата за резерви и добива мала минутажа.
Таквата ситуација сака да ја искористи Милан и да го доведе на „Сан Сиро“ бидејќи Феран Торес може да игра како централен напаѓач, но и како десно крило.
„Росонерите“ имаат одлични односи со Барселона и ќе се обидат уште во јануари да го донесат, а спремни се да понудат 30 милиони евра за неговиот потпис, пренесуват медиумите од Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА