Вардар по едно тешко гостување во ВМФЛ успеа да победи кај Караорман со 1-2, со гол постигнат во последните моменти на резервистот Жоглев.
По ваквиот исход тимот од Скопје успеа да се искачи на првата позиција на табелата со 13 освоени бодови по пет одиграни кола.
Вардар има задача таму и да остане, порача капитенот и прв голман на „црвено-црните“, Филип Гачевски.
„После долго време се вративме каде што треба да бидеме, на врвот“ – порача популарниот Гача, обраќајки им се очигледно на сите „хејтери“ кои не веруваат дека Вардар сезонава ќе се врати во ПМФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА