„ЗА ЉУБИТЕЛИТЕ НА МАТЕМАТИКАТА“ – Реал немал ваков перфектен старт повеќе од 60 години!

Шампионот на Шпанија и Европа, Реал Мадрид синоќа успеа да остане перфектен и после мадридското дерби со Атлетико (2-1).

Тимот на Карло Анчелоти ја запиша седмата победа во седмиот меч во Ла Лига, а тимот ваков перфектен старт немал од 60-те години во минатиот век.

Реал Мадрид има девет од девет во сите натпреварувања по само нешто повеќе од еден месец од стартот на сезоната, а ефект без загубен бод последен пат во минатото имале во сезоните 1961/62 и 1968/69, кога стигнуваа до 11 победи во низа.

Сега „кралевите“ имаат шанса најмалку да ги достигнат, па и да ги надминат генерациите од славните 60-ти, што и не би било некое големо изненадување.

 

Се вчитува...