Од денес почна продажбата на билетите за последниот натпревар на фудбалска репрезентација на Македонија, која за противник на домашен терен ќе ја има селекцијата на Бугарија.
Продажбата на билетите ќе се организира исклучиво со физичко присуство на фановите. Електронска (on-line) продажба на билети нема да има.
Цените на билетите изнесуваат од 250 до 350 денари. Дуелот со Бугарија е закажан за 26. септември на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА