Јунајтед е „спасот“ на Гризман од конфликтот меѓу Атлетико и Барса

Манчестер Јунајтед повторно го обнови интересот за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Антоан Гризман.

„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја искористат ситуацијата во која се наоѓа Гризман и да го донесат на „Олд Трафорд“ во јануари, пренесува „Атлетик“.

Како што е познато Гризман е во сопственост на Барселона и игра во Атлетико како позајмен фудбалер. Во неговиот договор има клаузула според која Французинот ако одигра 50% од натпреварите најмалку 45 минути ќе мора да биде откупен на крајот на сезоната.

„Јорганџиите“ за да ја избегнат клаузулата го користат Гризман само во последните 30 минути од натпреварите, па тоа доведе до конфликт помеѓу двата клуба.

Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати сумата од 40 милиони евра која ја бара Барселона, а и самиот Гризман сака да се ослободи од ситуацијата во која се наоѓа.

Се вчитува...