Гиорги Мамардашвили, еден од најдобрите млади голмани во моментов во Европа, и најдобар голман во историјата на Грузија го продолжи договорот со Валенсија до 2027 година.
Продолжувањето на Мамардашвили со Валенсија доаѓа непосредно пред дуелот со Македонија во Лигата на Нации. Тој го чуваше голот и во Скопје, каде ја сочува мрежата. Воедно, тоа беше и официјално деби на голманот кој има 21 година.
Во минатото Мамардашвили беше дел од Локомотив Тбилиси, Рустави и Динамо Тбилиси. Во Валенсија дојде во 2021 година, и веднаш се наметна како прв избор за „лилјаците“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

