Ромелу Лукаку се врати на „Стемфорд Бриџ“ во нов 100 милионски трансфер, но откако не успеа да се наметне во играта на Томас Тухел по само една сезона замина од клубот и повторно го облече дресот на Интер. Во редовите на „нероаѕурите“ настапува како позајмен играч и таму ќе остане до крајот на сезоната, а што го чека потоа ретко кој знае.
Новиот стратег на „сините“, Грем Потер изразил задоволство да „се проба“ со Белгиецот, но стилот на игра кој го практикува младиот стартег не одговара за корпулентниот напаѓач, а со оглед на „брзите одлуки“ на новиот газда Тод Боели овој потег медиумите на „Островот“ го карактеризираат како „самоубиство“.
Притоа тие откриваат и нова цел на Потер, а тоа е речиси невозможна трампа за Хари Кејн. Капитенот на англиската репрезентација беше трансфер цел на Челси и во минатото, но со оглед на ривалството помеѓу „сините“ и „петлите“ Англичанецот го одби трансферот.
Челси и понатаму сонува за Кејн, а се надева на нова неуспешна сезона на Тотенхем по која раководството на клубот ќе мора да ги исполни желбите на својот напаѓач. Како потсетување тој и претходно беше пред заминување од „Хотспур“, на крајот на сезоната 2020/21 се збогува со навивачите, но газдата на Тотенхем не дозволи трансфер во Манчестер Сити.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

