Марко Асенсио на лето може да се пресели во Барселона. Наводно таквиот „луд“ трансфер го договара неговиот агент Жорже Мендеш.
Асенсио влезе во последната година од договорот и на лето ќе биде слободен агент, бидејќи јасно е дека Реал нема да му понуди продолжување на соработката.
Иако за Шпанецот интерес покажуваат неколку европски гиганти, сепак тој може да се пресели во редовите на најголемиот ривал.
Чави го посакува во своите редови, а навивачите сигурно никогаш нема да му го простат таквото „предавство“ доколку се реализира овој трансфер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

