Барселона минатата сезона ја заврши со добивка од 98 милиони евра

Шпанскиот гигант Барселона, објави дека минатата сезона ја завршила со добивка од 98 милиони евра, а за оваа сезона се предвидува добивка од 274 милиони евра.

Барселона е втора на листата на „Форбс“ на највредна екипа со моментална вредност од 5 милијарди долари, зад ривалот Реал Мадрид кој е проценет за 5,1 милијарди долари.

Клубот во понеделник соопшти дека нивниот управен одбор ја заврши финансиската година со промет од 1,017 милијарди евра. Претходно овој месец Ла Лига го крена лимитот на Барселона за трошење на 800 милиони евра, и така изведувајќи го клубот од дефицит на потрошувачка, откако каталонскиот клуб продаде дел од својот имот за да ги поправи финансиите.

Барселона ги продаде 25% од своите ТВ права на следните 25 години во две зделки вредни преку 500 милиони евра. Клубот собра дополнителни 200 милиони евра од продажбата на акциите на 49% од „Барса студио“, а постигна и спонзорски договор со „Спортифај“.

Така Барселона ова лето потроши повеќе од 150 милиони евра ангажирајќи ги Левандовски, Рафиња и Кунде, додека Кристенсен, Кеси, Белерин и Алонсо пристигнаа како слободни играчи.

Се вчитува...