Дури 12 фудбалери на Манчестер јунајтед се чувствувале лошо еден ден по натпреварот против молдавскиот Шериф во Лигата на Европа. Шериф не успеа да „режира уште една сензација“ против еден од великаните на европскиот фудбал.
Минатата година направија големо изненадување, совладувајќи го Реал Мадрид кој подоцна ја освои Лигата на шампионите. Сега во 2. коло од Лигата на Европа со 0-2 беа совладани од англискиот премиер-лигаш.
Но, покрај победата Англичаните нема по добро да го помнат гостувањето во Молдавија. Дури 12 играчи на клубот се чувствувале лошо, ден по натпреварот. Веројатно тие биле отруени со храна, по што морале да го прескокнат тренингот. „Црвените-ѓаволи“ имаа среќа во несреќа бидејќи поради смртта на кралицата Елизабета Втора, нивниот натпревар против Лидс беше одложен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА