Легендата на хрватскиот фудбал Лука Модриќ, нема намера да го остави дресот на националниот тим после Мундијалот во Катар. Тоа ќе го стори на ЕП 2024. Ова го изјавил докторот на репрезентацијата Зоран Бахтијаровиќ кој вчера го напушти националниот тим после 30 години работа во него.
Модриќ има 37 години, и планира да игра за својата земја до крајот на кариерата.
„30 години се долго време. Планирав да заминам кога Лука и постарите играчи ќе се простат од репрезентацијата. Тогаш ако се пензионирав, немаше никој да знае за тоа. Лука се реши да остане во репрезентацијата и на ЕП 2024 година. Ќе ми биде тешко да го чекам тој момент. Веќе се договорив со селекторот да ми донесат медал од Катар“, рече Зоран Бахтијаровиќ.
37-годишниот играч од средниот ред игра во голема форма. Сезонава запиша девет настапи за Реал и постигна два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА