Атанасов: Тие што сме тука ќе дадеме се од себе за победа во Грузија

Македонскиот национален тим утре патува во Грузија, каде во петок ќе брка победа од три и повеќе разлика, за да ги задржи шансите за првото место во групата.

И покрај големите проблеми и отсуствата на неколку клучни играчи, репрезентативецот Јани Атанасов вели дека оние кои се тука се подготвени да дадат максимум за да се дојде до трите бода.

„Не сме комплетни, но тие што сме тука ќе дадеме се од себе како што секогаш играме за репрезентација. Одиме на три бода. Останува на селекторот да ги даде задачите, и ние сме тука да ги извршиме. На домашен терен можеби не бевме толку агресивни, но сега во Тбилиси ќе биде поинаку“, рече Атанасов и додаде:

„Гладни сме за успех, за докажување, особено кога станува збор за репрезентацијата. Сме играле заедно доста натпревари, и се надеваме дека тоа ќе биде главен адут за победа во петок“, изјави Атанасов.

Се вчитува...