Фудбалерот на Удинезе, Лазар Самарџиќ порача дека и натаму нема одлучено за која репрезентација ќе настапува. Самарџиќ досега ги мина сите младински категории на Германија, а има и српски пасош што му овозможува да бира за која селекција ќе игра.
Оваа изјава доаѓа после најавите на селекторот на Србија, Драган Стојковиќ – Пикси кој кажа дека бил да го гледа фудбалерот, и дека тој се согласил да игра за Србија.
Меѓутоа самиот играч вели дека не донел конечна одлука.
„Слушнав и прочитав многу вести околу мојата репрезентативна иднина. Мојата фамилија и јас се чувствуваме горди. Јас сум млад играч и со јасни цели. Стојам цврсто на земја, напорно работам, фокусиран сум и одлучен. Ако ги остварам целите, тогаш ќе бидам номиниран да ги исполнам следните задачи. И дури тогаш можам да донесам одлука за која ќе бидам подготвен за кого ќе играм“, изјави Самарџиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА