Ракометарите на словенечки Целје приредија вистинска сензација откако славеа на домашен терен над големиот фаворит Кил со 38-36. во натпревар од 2. коло во новата сезона од Лигата на шампионите. Словенците на одличен начин го стартуваа мечот и по 30 минути игра имаа позитива од три гола 17-14.
Одличната игра на домашниот тим продолжи и во вториот дел. Во ниту еден момент не му дозволија на фаворитот да се врати во мечот и на крајот стигнаа до заслужен триумф од 38-36. Алекс Влах со 10 погодоци беше убедливо најдобар поединец во победничкиот тим, додека кај поразените недоволни беа 10 погодоци на Патрик Винцек.
Во вториот натпревар од терминот во 18.45 часот во скандинавското дерби без поголеми проблеми славеше на гостувањето во Норвешка кај Елверум со 25-33. Данците уште од самиот старт го контролираа натпреварот и во ниту еден момент не му дозволија на противникот да се понадева дека може да стигне до позитивен резултат. Хангард со седум гола беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените пет постигна Нилсен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА