Возачот на Алфа Таури Јуки Цунода и следната сезона ќе биде дел од екипата во Формула 1 шампионатот, откако го продолжи договорот на уште една година. 22-годишникот пред две години дебитираше во болидот на Алфа Таури во Формула 1, а следната сезона ќе биде трета во неговата кариера во најбрзиот циркуз во светот.
За сега не е познато кој во 2023 година ќе вози со Цунода во Алфа Таури, бидејќи шпекулациите велат дека Пјер Гасли ќе направи трансфер во Алпин. Холанѓанецот, Ник де Врис кој во Монца го замени болниот Алекс Албон, е еден од кандидатите за нов возач во Алфа Таури.
Цунода сезонава три пати заврши во бодови, а најдобар резултат во кариерата му е четвртото место минатата година во Абу Даби.
BREAKING: Yuki Tsunoda will stay on at @AlphaTauriF1 in 2023
おめでとう、裕毅! #F1 pic.twitter.com/rKjarX9Ks1
— Formula 1 (@F1) September 22, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА