Дербито на 2. коло од ракометната Лига на Шампиони и припадна на Барселона која на домашен терен славеше против Киелце со 32-28. Каталонците беа подобриот противник во поголемиот дел од мечот и сосема заслужено се радуваа на победа.
Изедначениот натпревар траеше во поголемиот дел од првото полувреме, но крајот на истото им припадна на домашните ракометари кои благодарение на добрата одбрана со неколку серии успеаја да стигнат во висока предност. Пресудна беше онаа од 4-0 кога предноста од само еден гол беше претворена во +5 (18-13) по 30. минути игра.
Добриот ритам на Барселона продолжи и во вториот дел од мечот во кој Киелце заигра далеку подобро, но немаше сили да се врати во мечот. Полскиот состав стигна до еден гол негатива на средината на второто полувреме (21-20), но искусните играчи на Барселона не дозволија целосен камбек. Одговорија со серија од 3-0, ја вратија „комотната“ предност и приредија мирен финиш на мечот.
Фабрегас ги предводеше каталонците со шест гола, а него го следеа Мем и Гомез со по пет. Морито беше лидер на Полјаците со шест, додека Душеваев постигна пет.
Во останатите натпревари Нант го одбрани домашниот терен од Сегед славејќи со 35-30, на домашна победа се радуваше и Магдебург кој славеше против Динамо Загреб со 35-25, додека Гог и Динамо Букурешот одиграа нерешено (38-38).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА