БРОЈКИ, ИСТОРИЈА, ФАКТИ… Грузија има „чиста мрежа“ како домаќин, но Македонија нема пораз во Грузија

Грузија вечерва против Македонија ќе се обиде да го потврди првото место во групата Ц4 во Лигата на Нации, додека Македонија, пак, ќе игра за да ги задржи шансите за првата позиција, која носи бараж за пласман на ЕП 2024 година во Германија.

Македонија минатиот меч во Тбилиси го оствари најголемиот успех во својата историја, пласирајќи се на Европското првенство.

Традицијата вели дека Македонија не знае за пораз на гостување во Грузија, но во ова издание во Лигата на Нации, Грузијците немаат примено гол во Лигата на Нации.

Еве неколку бројки, факти и историски податоци пред дуелот кој почнува во 18 часот.

  • Грузија на досегашните два натпревари има „чиста мрежа“ во Лигата на Нации како домаќин
  • Грузија е најопасна на почетокот на второто полувреме, и пред крајот на мечот. Статистиката вели дека Грузијците најмногу голови дале од 45 до 60 минута, и од 75 до 90-та минута. Од друга страна Македонија е најефикасна во првите 30 минути од средбите во Лигата на Нации
  • Македонија во периодот од 60 до 75 минута немаат постигнато ниту еден гол во досегашните четири меча во Лигата на Нации, додека Грузијците се „најнеопасни“ од 15 до 30 минута, каде немаат дадени ниту еден погодок
  • На Грузија им се потребни во просек 22 минути за да постигнат прв гол на натпреварите во Лигата на Нации, додека на Македонија 25 минути. Просекот на постигнати голови на Грузија изнесува три по натпревар, додека на Македонија 1,75 по меч
  • Грузија има три „чисти мрежи“ во досегашните четири меча во ЛН, додека Македонија има две
  • Во четирите меѓусебни натпревари досега, двете селекции имаат по една победа и две „ремија“. Во Грузија, Македонија нема ниту еден пораз, едно реми и една победа, онаа највредната за пласман на ЕП
  • Во минатите натпревари во Лигата на Нации, двете селекции одиграа двапати нерешено (1-1 беше и во Тблиси, и во Скопје)
  • Кварацхелија е најефикасниот играч кај Грузија со три гола, додека кај нашата селекција Барди има постигнато два гола
  • Ниту еден меѓусебен натпревар меѓу двете селекции не завршил без голови
  • На клупски план, Вардар има одиграно со грузиски тим. Вардар во сезоната 1995/96 играше против Самтредија, и го елиминираше со вкупен резултат од 3-0

Се вчитува...