Медведев „полуде“ среде меч: Влезе во кавга со публиката, па „изиграваше“ мајмун (ВИДЕО)

Очигледно формата на рускиот тенисер Данил Медведев оди во постојано надолна лидина, а сведок за ова е и последниот пораз на синоќешниот меч против Станислас Вавринка на турнирот во Мец, каде загуби во три сета со 6-4, 6-7 и 6-3.

Русинот „полуде“ во последниот сет при негатива од 0-2, Данил не успеа да ги исконтролира емоциите. Тој од нервоза го фрли рекетот на теренот, по што публиката почна да го исвиркува, а тенисерот реагираше многу непрофесионално.

Почна да гестикулира, а потоа имитираше мајмун што само дополнително ја изнервира публиката. Ова секако не личи на однесување на тенисер од врвот на „белиот“ спорт.

 

Се вчитува...