Лудило: Навивач си ја запали раката на терен на тениски меч од Лејвер купот (видео)

Неверојатна случка го одбележа денешниот меч од Лејвер купот меѓу Циципас и Шварцман, откако на паузата меѓу два гејма навивач влета на терен и си ја запали раката.

Младото момче очигледно не беше свесно што направило, па неколку секунди подоцна почна да вреска од болка, а за среќа во близина беше обезбедувањето кое експресно реагираше.

Како што подоцна беше објаавено, момчето било активист на движењето за укинување на приватните летови на територијата на Велика Британија.

Се вчитува...