ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Горан Бошев
Македонскиот национален тим вечерва загуби од Грузија во Тбилиси, и ги загуби шансите за првото место во групата. Грузијците не беа подобри, но на крајот успеаја да победат со 2-0, и така да го осигураат првото место во групата.
Неискористени шанси на Спировски, Барди, Миовски, Елмас… и две грешки и две казни со кои Македонија го загуби мечот, а своите импресии по мечот ги искажа селекторот Благоја Милевски.
„Да им честитам на Грузија за првото место и пласманот во баражот. Можам да бидам горд на момците како одиграа, но го загубивме на ист начин, на наши грешки. Мислам дека заслуживме многу повеќе вечерва, за разлика од Скопје кога бевме добри само едно полувреме. Денеска 90. минути бевме доминатни. Околу судењето нема да коментирам, но сликата околу контактот говори се“, рече Милевски.
Тој се осврна на индивидуалните грешки, и рече дека секој треба индивидуално да работи на психолошка подготовка пред да дојде на собир на националниот тим.
„Физичката подготовка на индивидуалците, мислам дека често ќе се случува. Грешките се составен дел од фудбалот и спортот, но треба секој индивидуално да работи на психолошката подготовка пред да дојде на собир и во клубовите. Што се однесува до играта, сметам дека мораме да бидеме сконцентрирани и во самата завршница многу поконкрентни“, изјави селекторот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА