Фудбалската репрезентација на Македонија загуби на гостувањето кај Грузија со 2-0 во натпревар од 5. коло во новото издание на Лигата на нации.
Со овој пораз „црвено-жолтите“ и дефинитивно ги загубија шансите преку ова натпреварување да се пласираат на Европското првенство 2024 во Германија.
Иако избраниците на Боби Милевски ја контролираа играта и беа подобар противник во сите 90 минути, сепак и „фортуната“ составен дел од фудбалската игра. Грузијците ги искористија нашите грешки со мала помош на среќата и стигнаа до триумф кој ги зацементира на чело во групата 4.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА