Сањол: Македонија беше агресивна, но ние одлично се адаптиравме на нејзината игра

ЕКИПА во Тбилиси, Грузија
Горан Бошев

Македонскиот национален тим вечерва загуби од Грузија во Тбилиси, и ги загуби шансите за првото место во групата. Грузијците не беа подобри, но на крајот успеаја да победат со 2-0, и така да го осигураат првото место во групата.

Со свое мислење за натпреварот излезе и селекторот на Грузија, легендарниот Французин, Вили Сањол…

„Сакам да им честитам на играчите на федерацијата на овој успех, ова е голем чекор напред со обезбедување на баражот. Имавме план да им ја оставиме топката во посед на Македонија. Сакавме да се адаптираме на новата формација на Македонија. Тие беа многу агресивни денеска. После првиот гол нашите играчи се чувствуваа многу полесно. Реков дека Македонија е добра селекција со добри играчи и играат добар фудбал. Имаше мигови кога беа подобри, но тимот никогаш не губи стабилност во одбрана, никогаш не се распаѓа така лесно, и тоа значи дека учат од меч во меч. Јас сум среќен од победата, иако од првите минути не сум многу, но на крајот сум задоволен од овој триумф. Многу ни е важен следниот меч, добро ќе биде да влеземе во баражот со повеќе бодови. Но, прво да се вратиме после денешниот меч, и ќе видиме со кои играчи ќе играме на следниот натпревар“, изјави Сањол.

Се вчитува...