Венгер: Арсенал има добри шанси да ја освои титулата во Премиер-лигата

Легендарниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер верува дека неговиот поранешен клуб може да ја освои титулата во Премиер-лигата оваа сезона.

По седум кола во Премиер-лигата, лондонските „топчии“ се на врвот на табелата со 18 бодови, еден повеќе од Манчестер Сити и Тотенхем.

„Би рекол дека Арсенал има добри шанси да ја освои Премиер-лигата сезонава. Не гледам јасен доминантен тим оваа сезона. Мислам дека ова е навистина добра можност за Арсенал. Секако, ова е нешто посебна сезона, бидејќи ќе биде прекината од Мундијалот, а не се знае колку тоа ќе се одрази на перформансите на поединечни играчи и тимови“, изјави Венгер. 

Се вчитува...