Не издржа ниту Новак – Ѓоковиќ се скрши уште на стартот на последниот меч на Федерер (ФОТО)

Роџер Федерер стави крај на својата богата кариера откако синоќа во „О2“ арената во Лондон заедно со Рафаел Надал го одигра својот последен професионален меч против американскиот пар Џек Сок и Френсис Тиефо.

Целиот натпревар помина во неверојатно емотивна атмосфера, а еден од најголемите ривали на Швајцарецот, Новак Ѓоковиќ не успеа да ги задржи емоциите.

Имено, Србинот уште во третиот гејм од последниот меч, не успеа да ги задржи солзите и заплака во неверојатно емотивното опкружување.

 

Се вчитува...