Ристовски: Повторно изгубивме на наши грешки… Има психолошки пад, но ќе бидеме подготвени за Бугарија

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Грузија со 2-0 во натпревар од 5. коло во новата сезона од Лигата на нации.

Со овој пораз „црвено-жолтите“ ги загубија шансите за пласман на ЕВРО 2024 година преку ова натпреварување, па карта за Германија ќе треба да бараат преку квалификациите.

Напаѓачот Милан Ристовски вели дека повторно изгубиле на сопствени грешки…

„Жалиме за овој меч, бидејќи повторно изгубивме на наши грешки слично како и натпреварот во Скопје. Ни се повторуваат грешки на психолошки момент. Мислам дека заслуживме повеќе бидејќи имаме квалитет. Не ни останува ништо друго освен добро да одмориме и да анализираме каде погрешивме. Фаворити од меч во меч се покажува дека не постојат. Сигурно дека има психолошки пад во нашата енергија. Се надевам дека ќе бидеме подготвени за Бугарија“, вели Ристовски. 

Македонија последниот меч во Лигата на нации го игра во понеделник на домашен терен против Бугарија.

Се вчитува...