„За Македонија дуелот со Бугарија повеќе и е важен политички, отколку фудбалски“

Македонија ќе ја пречека Бугарија во последниот натпревар од Ц лигата во најмладото фудбалско репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.

Фудбалерот на Бугарите, Кирил Десподов пред мечот со Македонија изјави дека на нашата фудбалска репрезентација овој меч и е поважен на политички план, отколку на фудбалски.

„Македонија за овој меч со Бугарија повеќе го прифаќа на политичка основа, а не на фудбалска. Но, ние треба да се сконцентрираме и да извадиме добар резултат, тоа уште повеќе ќе ја крене самодовербата на тимот. Јасно е дека тие ќе ја имаат поддршката од своите навивачи, но мислам дека можеме да одиграме добро и да ги победиме. Ние секогаш излегуваме да победиме, иако самодовербата ни беше нарушена претходно“, рече Десподов.

Натпреварот кој ќе се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за во понеделник во 20.45 часот.

Се вчитува...