После именувањето на нов шеф на стручниот штаб во името на некогашниот капитен Милан Илиевски, промени има и во раководните структури на Работнички. „Романтичарите“ се решија да се разделат и со спортскиот директор Горан Станковски, кој заминува од функцијата откако двете страни се договорија на „раскин“.
Станковски во последните сезони беше задолжен за засилувањата на екипата, а не е наведена причината зошто доаѓа до разделба на двете страни.
„Му се заблагодаруваме на Горан Станковски за професионалниот однос и напорната работа во клубот во изминатиот период. ФК Работнички му посакува многу успех во натамошниот дел од кариерата“, изјави за клупскиот сајт претседателот Драган Поповски.
Станковски заминува од клубот во кој беше и тренер во сезоната 2017/2018, а претходно беше предводник и на младинските категории на „романтичарите“. Беше и селектор на репрезентациите до 17 и до 19 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

