Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе ја пречека Бугарија во натпревар од последното 6. коло од новата сезона во најмладото репрезентативно натпреварување на УЕФА, Лигата на нации.
Капитенот на „црвено-жолтите“ Енис Барди вели дека не му е јасно како топката не сака да влезе…
„Незаслужено загубивме во Грузија, но тоа е што е одиме понатаму. Утре со Бугарија треба да покажеме дека резултатот во Грузија не беше реален. Сите даваме голови во тимовите, а во репрезентација топката како да не сака да влезе“, изјави Барди.
Натпреварот кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА