Македонскиот кошаркарски стратег Емил Рајковиќ на малерозен начин не успеа да стигне до првиот трофеј како тренер на ЦСКА Москва, откако неговиот тим во финалето на ВТБ суперкупот загуби од Зенит со 71-70.
На девет секунди до крајот на мечот ЦСКА Москва имаше два поени предност и напад. Сепак, по тајм-аутот на Рајковиќ неговите пулени ја загубија топката, по што следеш тројка за Зенит на две секунди до крајот.
Имаа уште една шанса за победа „армејците“, но српскиот интернационалец Милутинов ја изгуби топката што значеше крај за надежите за прв трофеј на ЦСКА Москва под водство на Емил Рајковиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА