По поразот во Грузија, фудбалската репрезентација на Македонија вечерва на „Тодор Проески“ ќе ја пречека селекцијата на Бугарција во рамки на Лигата на нации (20.45).
Пред овој дуел, нашиот репрезентативец Стефан Ристовски упати моќна порака на социјалните мрежи.
„Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред…Европски да ве пречекаме…“, објави Ристевски
Претходно и ФФМ ги повика сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до победа на последниот натпревар од групата во Лига на нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА